ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Наместо на нашите пазари, домашните земјоделски производи извезени во странство!

Членовите на Владата денеска беа во една од скопските фабрики за пијалаци откако стапи во сила одлуката за намалување и замрзнување на цените на пијалаците. Обичната вода се продава за три денари поевтино. Со истиот модел за 10% поевтино ќе се продаваат сите останати безалкохолни и газирани пијалоци и овошни сокови, додека од алкохолните пијалоци два вида пиво. Исклучок се енергетските пијалоци.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека и денеска имало интензивни контроли.

Но, сега нови проблеми се јавуваат со трговците на овошје и зеленчук. Имено, според некои податоци, тие ги откупуваат количините од локалните производители и потоа ги продаваат поскапо во странство. Со тоа, напразно биле дадени субвенции од државата за зголемено производство за задоволување на домашниот пазар, односно дури 80% од производите требало да завршат на домашниот пазар.

Дополнителни анализи се прават и за средствата за хигиена и чистење. Актуелните мерки ќе важат до 30 ноември со можност за продолжување на рокот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button