ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Насер Зибери уште планира да стане прв премиер Албанец

Сонот на Насер Зибери да стане првиот премиер Албанец на Македонија сè уште не е згаснат. Тој е убеден дека коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ ќе се спроведе во последните три месеци од постоењето на актуелната Влада. Во емисијата „200“ на Алсат што ќе се емитува вечерва, Зибери за прв пат откри дека со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, повторно ја отворил оваа тема. Зибери добил и понуда да ја преземе функцијата на Артан Груби.

„Еве ја користам приликата за прв пат да ги информирам вашите гледачи дека од последните разговори на оваа тема со претседателот Ахмети, договоривме дека во дадениот момент кога ќе биде ова прашање на дневен ред, повторно да седнеме да разговараме и заедно да процениме што е најдобро за граѓаните пред сè. За волја на вистината лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции“, вели Зибери.

-Какви опции ви беа понудени?

„Во смисла на прв вицепремиер на Владата, министер за правда и други функции“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button