ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Огнените“ со критики до ДУИ: Не се реализирани над 90% од ветувањата

Незадоволните во ДУИ од нивните претставници во извршната власт пред медиумите го објавија извештајот за работата на министрите за ветените, а нереализирани проекти. Потпретседателот на партијата, Изет Меџити, рече дека го избрале овој начин за комуникација во јавноста бидејќи во партијата им било кажано дека повеќе нема да има средби за ова прашање. Анализата им содржеше оценка за реализацијата на 170 ветени предизборни проекти за периодот 2020-2022 година.

„Од овие 170 ветувања, само две се целосно спроведени, а пет делумно. Другите се заборавени од извршната власт на ДУИ. За неуспесите на владините проекти сведочи и анкетата на меѓународната организација ИРИ, па ако сме субјективни, на крајот токму американската ИРИ даде резултати каде Артан Груби и Бујар Османи имаат најслаби перформанси и за првпат рејтингот на албанската опозиција го надминува рејтингот на ДУИ“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Таканаречената „Огнена група“ нема да формира фракција и нема да бара лична одговорност од Али Ахмети. Според нив, одговорноста е кај министрите и тие се оние кои треба да бидат разрешени.

„Доколку не може да се соопштат овие забелешки во рамките на партиските тела, нашите забелешки ќе ги соопштиме на јавен начин со членството и гласачите со цел да го мобилизираме членството да инсталира одговорност и отчетност за оние кои презедоа одговорност во извршната власт. Ова е експлоатиран демократски механизам. Следниот чекор ќе биде да слеземе во базата и според неа ќе носиме одлуки за следните чекори“, додава Меџити.

Ваквата реакција доаѓа откако оваа група во ДУИ, по притисок од јавноста, успеа да формира партиски тела кои долго време ги немаше. Новото претседателство прифати извештај за работата на министрите, но од партијата засега не зборуваат за одговорност или разрешувања на кадри.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button