СПОРТ

НБА – Казна за Торонто од 25 илјади долари

Екипата на Торонто е казнета со 25 илјади долари, за кршење на правилата за одмор на кошаркарите. Торонто Репторс реши да ги одмори Кајл Лаури, Паскал Сијакам и Ануноби по победата над Орландо во петокот, иако сите тројца кошаркари не се заразени од „Ковид 19“ или друга повреда.

Со новите правила, поради пандемијата „Ковид 19“, НБА им дозволува на кошаркарите ветерани да пропуштат еден или два натпревари, во случај да се одржат за два дена, особено оние натпревари кои не се емитуваат на националната телевизија. Но, Торонто нема натпревари до средата и тројцата кошаркари немаа право да останат надвор од тимот или да се одморат во пресрет на новите дуели во НБА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button