МАКЕДОНИЈА

Адеми кажа кој е ставот на ДУИ по предлогот за укинување на техничката влада

Предлог законот за укинување на техничката влада го добивме и го разгледуваме, рече Арбер Адеми од ДУИ, додавајќи дека таквата промена треба да се направи со консензус од најголемите партии во Парламентот.

„Добро е да има консензус имајќи ја предвид воспоставената пракса за донесување на вакви значајни законски решенија. И овој закон, кој се изменува и дополнува е донесен и предложен со консензус. Треба да се следи таа пракса и ако има договор помеѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, имајќи предвид дека не е логично земја која е членка на НАТО и аспирант за почеток на преговори со ЕУ да има техничка влада за спроведување на избори поради немање на доверба во институциите“, вели Адеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button