ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделава се очекува да започне тестирањето на 8200 ученици

Од оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители. Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Во земјата, заклучно со вчерашните податоци направени се вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891, бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.

Во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3495, Куманово е на второ место со 636, во Велес има 297, во Охрид 233, во Штип 232.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button