ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недонесувањето на законот за игри на среќа не ја загрозува владината коалиција, тврди Ковачевски

Не се нарушени односите меѓу партнерите од владината коалиција и покрај неодобрувањето на предлогот за Законот за игри на среќа. Според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пратениците гласале по свое убедување и тоа нема врска со недоразбирање меѓу СДСМ и ДУИ. Социјалдемократскиот лидер рече дека за начинот на гласање и за причината за укинувањето на законот треба посебно да ги прашаме пратениците.

Од албанската опозиција велат дека со неодобрувањето на законот се создала голема паника во ДУИ бидејќи, пропаднале милионските зделки на Артан Груби со бугарското, српското и црногорското подземје.

„Овој закон за коцкање кој Артан Груби се обиде експресно да го донесе со европско знаме, за кој имаше реакции и од меѓународниот фактор, нема врска со заштита на младите од коцкање, туку едноставно ова се обиди за извршување криминални договори кои Артан Груби ги направи преку својата жртва Перпарим Бајрами. Зошто има толкава загриженост кај ДУИ и Артан Груби за тоа што законот не помина? Можеби паднаа во вода милионските договори со српското, бугарското и црногорското подземје“, рече Фари Хисени, „Вреди“.

Предлог-законот за коцкање не беше испратен до претседателот. Во третото читање не доби поддршка од 61 пратеник, односно за него гласаа само 51 пратеник. ДУИ ја обвини албанската опозиција дека со негласањето на законот,гласала против дислокација на казината од училиштата и верските објекти.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button