ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Недостигот на сигнализација на раскрсницата „Момин поток“ во Скопје предизвикува главоболки кај возачите

Нема функционален семафор, нема сообраќајна полиција, нема јавно осветлување, а возачите во сообраќаjниот хаос на раскрсницата кај „Момин Поток“ само го следат правилото на десната страна, што предизвикува чекање и нервоза меѓу нив.

За преминување на раскрсницата возачите треба да бидат внимателни бидејќи на овој дел од патот не само што нема семафори, нема ниту јавно осветлување, а ситуацијата да биде уште потешка за тие кои поминуваат тука, како што може да се види, недостасува и полицаец кој би упатувал кој има приоритет на ова место на кое за кратко време имаше многу сообраќајни несреќи.

Токму за оваа крстосница испративме прашања до МВР колку сообраќајни несреќи се регистрирани во последните три месеци.

„За тој временски период и на тој премин се случиле 4 сообраќајни незгоди“, велат од МВР.

Но, според нашите информации, бројни се оние кои ги пополниле европските формулари за сообраќајни незгоди. За тоа колку од настраданите го тужеле град Скопје поради немање патна сигнализација и јавно осветлување, не добивме одговор на прашањата испратено до град Скопје.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button