ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

„Спас за охридското одделение“ најавуваат протести

Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, немала информации што се случува со детското одделение во Охрид, кое повеќе од две години работи како амбуланта, односно до 20 часот зашто нема педијатри. Во ноќните часови но и за време на викенд кога амбулантата работи до 14 часот, родителите се принудени да ги носат децата на преглед во Струга.

„Точно не сум запознаена. Но можам да прашам и да ви одговорам дополнително на ова прашање. Но она што е тенденција во министерството за здрваство е се она што се барања на јавните здравствени установи ширум државата, а некој од другите центри можат да ги покријат, тука министерството секогаш излегува во пресрет и дава можност колеги од Скопје, да помогнат во Битола во Охрид“, рече Маја Манолева-заменик министерка за здравство.

Проблемот со детското одделение во Охрид трае со години. Во меѓувреме се променија тројца министри за здравство, но никој не смогна сили да го реши ова прашање. Во октомври родителите добија ветување и од директорот на болницата во Охрид, Асен Шајн, дека тројца педијатри од Струга ќе дежураат во Охрид, но од тоа нема ништо.

„Се уште проблемот останува нерешен, затоа што вие неможете да го контролирате вирусот и температурата и да му кажете прави што ќе правиш,но после 20 часот гледај да се смириш.Иницијативата за спас на детското одделение сериозно размислува и родителите кои се дел од нејзе да излезат на мирни протести и да го искажат својот револт“, рече Влатко Стојкоски-Иницијатива „Спас за детско одделние“

Од струшкото детско одделение велат дека повеќе неможат да го издржат притисокот со кој се соочуваат.Дневно имаат по сто прегледи на пациенти од целиот регион од Охрид, Струга,Вевчани, Дебар, Дебрца и Ресен. Но и таму од пет педијатри, тројца се пред пензија.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button