СПОРТФУДБАЛ

Негативен рекорд за Тотенхем во англиската Премиер Лига

Тотенхем, по 15 одиграни натпревари стана сопственик на еден негативен рекорд. Во првите седум кола Тотенхем забележа шест победи и ремизираше со Арсенал, а потоа повредите целосно го истворија тимот од посакувната насока.

Advertisements

Пет натпревари во низа Тотенхем имаше предност и ниту еднаш не успеа да победи. Тотенхем стана првиот тим клуб во историјата на Премиер лигата, кој по водството од 1:0 забележа пет меча без победа (четири порази и едно реми).

Се започна со мечот против Челзи во кој Тотенхем водеше и на крајот загуби со 4:1, по што следуваше дуелот со Вулверхемптон (2:1 за Волвс), потоа мечот со Астон Вила (2:1 за Вила), па нерешено со Сити (3:3) и синоќа пораз од Вест Хем (2:1 за Чеканите).

Тотенхем е и првиот тим во Премиер лигата кој на домашен терен водел со 1:0 во три последователни натпревари и на крајот сите ги загубил.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button