ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нејаснотиите за протоколите за патувања во странство ги збунија граѓаните

Задолжителните тестови при патувања во странство по воздушен пат остануваат товар за патниците иако се вакцинирани. Како нашите резидентни државјани кои ги посетуваат земјите на ЕУ, и нашите печалбари кои се враќаат во своите места за престој се соочуваат со тешкотии додека чекаат брзи тестови или ПЦР тестови.

Овој граѓанин вели дека картичката за вакцинација не врши работа, затоа морам да направи ПЦР – тест за 200 евра и дополнителен трошок за здравствено осигурување.

„Овие дополнителни проблеми што ни доаѓаат за патувања, дојдов од Америка, немав проблеми, сега одам во Украина и морам да направам ПЦР тест и здравствено осигурување. Ги имам и документите за вакцини, но не ги признаваат вакцините. “

Во аеродромската импровизирана амбуланта, иако редиците не се толку долги како и обично, има такви денови кога од временскиот притисок да се фати авионот се оставаат настрана секој антиковид  и здравствен протокол.

„Кога бев во Дубаи пред два месеци направив ПЦР – тест за 150 евра, во Косово беше бесплатно“.

Додека здравствените власти велат дека „зелените пасоши“ се во завршна фаза, кои кај нас се издаваат како потврди за слободно патување за оние кои биле вакцинирани, хаосот на аеродромските терминали е неизбежен дури и пред почетокот на сезоната на патувања ова лето. Од друга страна, олеснителните мерки од подобрувањето на епидемиолошката состојба во земјата сè уште не ги убеди ЕУ.

„Сепак, нашата земја е со висок ризик за земјите на ЕУ и доколку нашите граѓани сакаат да патуваат од Меѓународниот аеродром – Скопје овде на шалтерот мора да скенираат IQ – код, за да пополнат онлајн формулар за кој е потребно некое време да се пополни за секоја личност и доколку има ризик да го пропуштат летот, персоналот на аеродромот им помага со наплаќање од 10 – 15 евра “.

Од Меѓународниот аеродром Скопје велат дека даваат се од себе за ефикасни услуги на патниците и дека се должни да спроведуваат меѓународни анти -ковид протоколи за авионски летови. Раководните лица ги повикуваат патниците да бидат присутни најмалку три часа пред летот, за да ги завршат сите процедури на време. Инаку, радоста и тагата на патниците не изостануваат при поздравите меѓу нив …

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button