ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата го враќа на гласање законот што не го потпиша Пендаровски

Власта не се откажува од идејата да се продолжи легализацијата на дивоградбите и да важи и за објектите изградени по 2011 година. Иако првичниот предлог закон предизвика бурни реакции во јавноста и не беше потпишан од претседателот Пендаровски, министерот за транспорт најавува дека законот деновиве ќе го достави до Владата. Во новиот изменет текст според Бочварски прифатени се сите сугестии на еколошките здруженија и архитекти.

„3аштитените зони и подрачја кои што во претходниот закон беа третирани со добиена согласност од надлежно министерство сега се целосно исфрлени од овој закон, со што нема да може да се стави во правна или легална рамка за легализација. И секако ќе има прогресивно плаќање на комунален надоместок согласно големината на објектот бидејќи овој закон е суштински потребен и се носи за ранливите категории на граѓани и граѓани на кои им е потребен кров над глава не за нечиј луксуз“, вели Бочварски.

Првично изгласаниот закон од страна на пратениците за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти предвидуваше легализација на дивоградби до денот на стапување на сила на овој закон. Нема потврда дали оваа одредба останува и во новото законско решение. Со неа ќе се овозможи легализација на објектите кои се почнати да се градат се до моментот кога законот ќе биде објавен во службен весник. Минатата недела пратениците ја продолжија за пет години важноста на законот за легализација на објектите изградени до 2011 година по едно евро квадрат. Со новиот закон, за легализација на објектите ќе биде потребно 100 процентно плаќање на комуналиите и 50 процентни дополнителни трошоци како казна.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button