МАКЕДОНИЈА

Несоодветен третман на отпадот причина за поголема загаденост на воздухот, вели директорот на „Пакомак“

Директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говорејќи за важноста од селектирањето на отпадот и свесноста кај граѓаните за таквата постапка, рече дека поголем дел од народот станува свесен за таквите постапки, но оти има и одреден процент коишто не се заинтересирани за селектирањето. Како што потенцираше Ивановски, правилното управување со отпадот е еден од факторите за превенција за загадување на воздухот.

„Можам да кажам дека имаме навистина подобрување на свесноста кај граѓаните и барем декларативно, 90% од нив сакаат да го селектираат отпадот или велат дека тоа го прават често. За разлика од пред седум години кога тие проценти беа многу помали. Граѓаните сакаат да прават примарна селекција, зошто тоа не го прават е недостатокот од контејнери. Но, високи 10% од граѓаните велат дека не се заинтересирани и тоа не сакаат да го прават“, вели Ивановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button