Несоодветниот начин на третирање на ревматоиден артритис може да доведе до инвалидитет
Несоодветниот начин на третирање на ревматоиден артритис може да доведе до инвалидитет

Тема: Несоодветниот начин на третирање на ревматоиден артритис може да доведе до инвалидитет
Разговараме со д-р Емилија Сандевска – спец.ревматолог
Ревматоидниот артритис е автоимуна болест која ги зафаќа зглобовите. Најчестите симптоми кои се појавуваат кај пациентите се болка, вкочанетост, оток и намалена подвижност. Честопати пациентите се чувствуваат уморни и слаби, особено наутро.
Третманот на оваа болест е сложен. Се комбинираат лекови кои ја намалуваат болката и воспалението, се препорачува физичката активност и физиотерапија. Последниве години кај нас се користи и терапија со моноклонални антитела која помага да се намали воспалението и болките во зглобовите на начин што го блокира дејството на супстанците кои ги предизвикуваат овие проблеми.
Др. Емилија Сандевска во студиото нагласува дека е многу важно болеста да се држи под контрола и да не се прекинува терапијата што ја дава лекарот, бидејќи ако се прекине терапијата тоа значи дека болеста се враќа./Алсат.мк