Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата

Претседателот на Независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски, денеска во име на членството јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за постигнатиот договор со синдикатите во здравствениот сектор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем.
Според Бојчевски, станува збор за едно од најголеите покачувања на платите на сите вработени во здравствениот сектор.
– Владата беше доблесна, ги сослуша нашите маки и сака да ги среди работите. Наредните четири години ќе дојде до покачувања до 50 насто на платите за сите вработени, од административно-техничкиот до медицинскиот персонал, рече тој во изјавата дадена за медиумите.
Тој посочи дека во разговорите со претставниците на Владата била потврдена подготвеноста на институциите системски да се решава и прашањето околу статусот на вработените со договор на дело со здравствениот систем.