ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту 30-годишнината од независноста не ги обедини власта и опозицијата

30 -годишнината од независноста ги подели политичките партии власт- опозиција. Опозициските партии се одделија од централната манифестација организирана од власта. ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина во Битола на која учествуваа функционери кои биле дел од првата влада. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака до граѓаните дека идејата за просперитетна Македонија никогаш нема да престане.

„Идејата за просперитетна Македонија никогаш нема да престане, особено сега кога економски се гушиме, се водат национални политики и негирања од странство. Таа идеја живее кај Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите други етникуми кои ја гледаат Македонија како свој дом, ја наследиле и ќе ја пренесат на идните генерации“, рече Мицкоски.

Алијанса за Албанците и Алтернатива не беа на ниту една прослава. Во Гостивар одржуваа Централното собрание за да ги разгледаат кандидатурите за градоначалници и листи за советници. СДСМ оценува дека на 30 -годишнината од независноста земјата е членка на НАТО а и наскоро земја која ќе ги почне преговорите за во ЕУ. Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук го честиташе Денот на независноста на сите заедници во земјата, вклучително и на Бугарите, Хрватите и Црногорците.

Функционерите на ДУИ, присуствуваа на церемонијата на положување венец во алејата на великаните на поранешните претседатели и на церемонијата организирана од претседателот Стево Пендаровски за одликувања на првиот парламентарен состав со наградата 8 септември.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button