ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту милиметар приближување на денешната средба на Албин Курти и Александар Вучиќ

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, предложил договор со шест точки, како изјава за мир меѓу Косово и Србија, но додаде дека тој бил отфрлен уште пред претставниците на Белград воопшто и да го прочитаат.

Advertisements

„Постојано го нагласувам прашањето за слонот во стакларница. Поради непознавањето. Србија секогаш ја игнорира суштината. Србија треба да го признае Косово, а Косово да ја признае Србија… Сè друго потоа може да се реши…“

Во врска со исчезнатите лица од војната во 1999 година, Курти нагласи дека тоа прашање не може да се реши сè додека на чело на таа делегација од српска страна е Вељко Одаловиќ, кој бил дел од окупацијата и еден од луѓето на Слободан Милошевиќ.

На крајот од средбата пак, српскиот претседател наведе дека не може да верува оти косовската делегација се вратила 150 години во минатото и ја обвинила Србија за три геноциди врз Албанците. Според Вучиќ, српската делегација сакала да се зборува за формирањето на Асоцијацијата на српски општини, но Курти не сакал.

„Јас инсистирав на асоцијацијата, тоа беше прва точка за којашто зборував. Мислите дека тие ја споменаа? Не. Туку – Србите направиле геноцид во 1898, а да не зборуваме што донесоа за да го потврдат тоа… Суштината им беше дека Србија е виновна за најмалку три геноциди во Косово.“

Нова рунда преговори на ниво на лидери меѓу Косово и Србија е закажана за септември.

Shkëlzen Aqifi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button