ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нов пораст на цените на нафтата

Цените на нафтата продолжија да растат на почетокот на новата недела и достигнаа повеќегодишни највисоки нивоа, пренесува Дојче Веле.

Додека цената на нафтата од Северното Море се искачи на највисокото ниво во последните три години, цената на нафтата во САД достигна највисоко ниво во последните седум години.

Во понеделник наутро, барел (159 литри) од северноморска сорта Брент чинеше 86,22 американски долари. Тоа беше за 69 центи повеќе отколку во петокот. Цената на барел од американскиот бренд ВТИ порасна за 77 центи на 84,53 долари.

Со ова продолжува повеќенеделниот тренд на раст на цените на суровата нафта. Така цената на барел нафта на лондонската берза порасна и во минатата недела, седма по ред, достигнувајќи ново највисоко ниво во три години.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button