СПОРТ

Нова битка на Барса и ПСЖ: Парижани подготвуваат нов договор за Меси

Барселона и ПСЖ влегуваат во нова битка за Лео Меси, пренесуваат француските медиуми. Каталонците изразија голем интерес за враќање на аргентинскиот ас „дома“, а парижани кои се презадоволни од неговиот придонес ќе се обидат да ги пораметат плановите со понуда на нов договор.

Advertisements

Преговорите сеуште не се започнати со оглед на тоа што се почитува желбата на Меси да остане фокусиран на престојното Светско првенство во Катар на кое ќе атакува на трофеј со Аргентина, но веќе од декември ќе започне новата битка на шпанскиот и францускиот гигант.

Меси се пресели на „Паркот на Принцовите“ откако Барселона поради финансиски проблеми не можеше да си го дозволи неговиот потпис, но заминувањето на Аргентинецот кој во Шпанија помина 18 години беше во солзи. Дали „светците“ овој пат ќе успеат да го спречат враќањето на 35-годишникот во омилениот клуб останува да видиме.

Извор: екипа

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button