СПОРТ

Новак Ѓоковиќ, во Мелбурн може да се сретне со Мареј, Монфилс, Вавринка…

Првиот носител Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со квалификант на стартот на Австралија опен, каде србинот ја брани титулата во Мелбурн. Доколку победи на стартот, во второто коло најверојатно ќе го пречека локалниот претставник Алексеј Попирин, кој ќе игра со Марк Полманс.

Во третото коло би можел да се соочи со Енди Мареј или Гаел Монфис, а во четвртото негови можни ривали се Стен Вавринка, Роберто Баутиста Агут… Проекцијата на ждрепката е таква што Ѓоковиќ во осминафиналето би можел да се сретне со Бен Шелтон, а во четвртфиналето со Стефанос Циципас.

Најголемиот ривал на србинот, Карлос Алкараз, кој е во другиот дел од костурот, турнирот ќе го започне против Ришар Гаске. Следен противник на шпанецот би можел да биде Лоренцо Сонего, а потоа Јан Ленард Штруф или Александар Бублик…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button