ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новата компресорска станица за хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ денеска официјално беше пуштена во употреба

Новата компресорска станица за хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ денеска официјално беше пуштена во употреба

Новата компресорска станица за хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ денеска официјално беше пуштена во употреба.

Успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на оперативните сали во комплексот клиники,вели министерот за здравство Арбен Таравари.

На крајот на мај лани, се појави проблем со компримираниот воздух на Клинички, што беше причина во хируршките сали интервенции да се изведуваат само врз пациентите кои се итни случаи. Редовната работа и функционирање на операционите сали се наруши откако поради непријатна миризба, тие беа затворени. Поради колапсот, голем товар понесоа „8 Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на кои повеќекратно им се зголеми бројот на операции кои ги изведуваат.
Вкупната вредност за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје изнесува 21.2 милиони денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button