ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новата шефица на Антикорупциска: „Неден политичар не ми честиташе на изборот“

Татјана Димитровска, која на функцијата доаѓа од Државниот завод за ревизија, изјави дека Антикорупциската комисија како институција не е доволна за заштита од феноменот корупција. А, токму тој, како што рече е генератор на многу проблеми во општеството. Но, на денешниот прв ден од мандатот на новите членови на Комисијата, Димитровска истакна дека засега за изборот не ѝ честитал ниту еден политичар.

„Нема да потклекнеме на ниеден притисок, ниту на ниедно влијание. Ќе работиме независно и објективно, ќе бидеме транспарентни, одговорни и ќе бидеме отворени за соработка“, вели Димитровска.

Димитровска истакна дека особено значајна ќе биде соработката со Јавното обвинителство. Минатиот состав за време на пет години поднесе 56 иницијативи за кривично гонење на службеници и функционири, но за ниту една од нив не беше покренато ниту обвинение, за да има било каква пресуда. Поради несогласувања, дури и Обвинителството за организиран криминал и висока корупција ја прекина соработката со ДКСК.

„За нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука, што значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме соработката, се со една заедничка цел – да ја спречиме корупцијата“, додава Димитровска.

Во наредните пет години во ДКСК ќе работат и членовите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска, Демири Сервет, Софија Спасова-Медарска, како и двајцата досегашни советници во Антикорупциска, Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаили.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button