ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шалтери на МВР – еден проблем се решава, па се појавува друг

Состојбата пред шалтерите на МВР е речиси нормализирана и има сè помалку граѓани кои чекаат за да им бидат доставени новите документи. Но, она што ги загрижува граѓаните е нефункционалната телефонска линија за закажување термин и немањето примероци за навреме да ги добијат пасошите и другите лични документи со новото име на државата.

Граѓаните кои денеска беа пред шалтерите на МВР биле повикани од службите и чекаа ред за да се фотографираат. Но, според нив, загрижува фактот што за добивање на документите по фотографирањето може да поминат и до 2 месеца.

Во меѓувреме, од Хелсиншкиот комитет велат дека со создадениот хаос, се кршат уставните права на граѓаните.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на кршењето на основните човекови права и бара надлежните институции што поскоро да изнајдат соодветни решенија и да ја избегнат штетата што ја нанесуваат на граѓаните. Бараме МВР веднаш да ја реорганизира работата и да обезбеди услови за издавање на биометриски патни исправи и лични карти во разумен рок“, велат од Хелсиншки.

Остануваат уште само 4 дена до истекот на рокот за документите со старото име на државата. По 12 февруари старите лични карти ќе важат само за внатрешна употреба, но со нив нема да може да се патува во странство, односно во Албанија, Косово, Црна Гора и Србија.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button