ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ќе биде прифатена препораката за прогласување епидемија на кашлица

Четири нови случаи на голема кашлица се регистрирани во последните 24 часа, со што бројот на заболени се искачи на 22. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека ќе биде прифатена препораката на Комисијата за заразни болести за прогласување на епидемија во Град Скопје.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличовски, објасни дека децата се најзагрозени од голема кашлица. Возрасните не треба да се грижат бидејќи постои ефикасен третман против оваа болест. Тој вели дека теоретски е можно да се проверат антителата кај возрасните кои не знаат дали се вакцинирани, но во моментов овој тест кај нас не е достапен и не се препорачува, особено за оние кои се родени по ‘60-тите години откако во земјава постои програмата за вакцинација.

Големата кашлица на почетокот наликува на обичен вирус, но во вториот стадиум на болеста пациентите се соочуваат со кашлица која се интензивира и која доведува до проблеми со дишењето. Болест има поголемо влијание кај децата кои имаат потесни дишни патишта бидејќи кашлањето може да доведе до помодрување и губење на свеста.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button