СПОРТФУДБАЛ

Новиот селектор се одлучи за нов капитен на Германија

Новиот селектор на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман одлучи да го смени капитенот на националниот тим.

Отсега тоа ќе биде Илкај Гундоан, кој го воодушеви новиот тренер со своите настапи на двата натпревари од американската турнеја. Германија најпрвин ги победи САД со 3-1, а потоа ремизираше со Мексико 2-2.

Претходен капитен на репрезентацијата беше Мануел Нојер, но одамна го немаше на теренот, бидејќи минатата година за време на зимската пауза заработи скршеница на ногата и дури сега се врати на тренинзите со тимот на Баерн, додека големо прашање е дали повторно ќе игра за репрезентацијата

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button