РАКОМЕТСПОРТ

Еурофарм Пелистер во Загреб, по првите бодови во најквалитетното европско клупско натпреварување

Еурофарм Пелистер, во Загреб ги продолжува настапите во дебитантската сезона од Лигата на шампионите. Нов предизвик за први бодови за битолските „зелено-бели“ ќе биде хрватскиот шампион Загреб, кој е редовен учесник во групната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување, но и еден од тимовите во групата против кого „пелистерци“ реално треба да се надеваат на бодови.

Иако стартот на сезоната не донесе многу насмевки на лицата на навивачите на Е. Пелистер, сепак, последните два меча покажаа дека тимот може достојно да се бори и со најсилните во лигата. За први бодови денеска ќе му треба малку повеќе од среќа, со оглед на тоа што Загреб по првите четири кола веќе оствари една победа и едно реми и собра три бода кои го оставаат во групата на шест тима кандидати за следната фаза.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button