ЗДРАВСТВО

Објавена листата „Dirty 12“ – ова се плодовите со најмногу пестициди

Избегнувањето на овошје и зеленчук со високо ниво на пестициди е клучен чекор кон поздрав начин на живот. Според најновиот извештај на Работната група за животна средина (EVG), јагодите и спанаќот се рангираат на прво и второ место на листата на производи што содржат најголеми количини на пестициди.

Advertisements

Секоја година, EVG објавува ранг-листа на овошје и зеленчук кои се третирани со најмногу пестициди, позната како „Dirty 12“. Оваа организација, која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, открива дека дури 75% од конвенционалните примероци од овошје и зеленчук содржат остатоци од пестициди, додека за оние на споменатата листа, таа бројка е алармантни 95%.

Пестицидите, кои често се користат во земјоделството за заштита на посевите, можат да имаат сериозни последици по здравјето на луѓето. Истражувањата покажуваат дека долготрајната изложеност на некои пестициди може да биде поврзана со проблеми како што се спонтан абортус, вродени дефекти, па дури и потешкотии во учењето и развојот кај децата.

На оваа листа, покрај јагодите и спанаќот, има и други производи кои содржат високо ниво на пестициди, како што се грозјето, праските, крушите, јаболката, но и зеленчук како што се пиперките, кељот и зелениот грав.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button