ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинелството е против повторното изведување докази за „Тортура“

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна и концизна, поради што не предлага повторно изведување на докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако
судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште.

Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека околностите кои судот смета дека треба да се дообјаснат, за тоа кој од обвинетите кое дејствие го преземал, веќе се веќе јасни и утврдени.

– Сметам дека обвинетите се поединечно наведени и дека сите употребиле прекумерна физичка сила и го легнале пред камера, знаејќи дека се снима и со тоа заедно го сториле делото, изјави Лапе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button