ЗДРАВСТВО
Од 300 до 350 нови пациенти годишно имаат потреба од некаков вид бубрежна терапија

Многу е тешко, мора да одам на дијализа три пати неделно. Вака 72-годишната Верче Пехчевска го опишува своето искуство, која последните 24 години од животот ги поминала на дијализа. Пехчевска рече дека нејзините родители никогаш не знаеле од што боледува.
Од 300 до 350 нови пациенти годишно имаат потреба од некаков вид бубрежна терапија, вклучително и дијализа. Само 10 отсто од пациентите во земјава се подложени на трансплантација на бубрег.
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски рече дека буџетот за оваа година е зголемен за над 35 отсто за Клиниката за нефрологија.
Линда Ебиби