ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од ноќеска поевтини горива

Од ноќеска поевтини горива

Од полноќ ќе има поосетно намалување на цените на горивата. Регулаторната комисија за енергетика објави дека за пет денари поевтинува дизелот, па еден литар ќе чини 79,5 денари.

Цената на бензинот од 95 октани се намалува за 3,5 денари и ќе се продава за 77,5 денари, додека 98-цата ќе биде поевтина за четири денари и ќе чини 79,5.

Промена во цената има и кај Екстра лесното масло за домаќинство и таа се намалува за 4,5 денари и ќе изнесува 77 денари.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button