ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Комисиска расправа за буџетот

Комисиска расправа за буџетот

Опозицијата предлага амандмани, но најголемиот дел од нив не се прифаќаат од страна на владејачкото мнозинство. Инфраструктурни проекти, социјални мерки и останати проекти се најдоа и денеска во расправата за предлог буџетот за 2023 година. Но, како минуваат седниците од оваа комисија, така е сè помал и бројот на пратеници кои земаат учество во расправата. Според власта, буџетот е развоен, но според видувањето на опозицијата, тој е полн со популизам. (Изјава)

„Сите амандмани кои досега се одбиени се во врска со локалните патишта. Колку што имав можност да го слушнам заменик-министерот за финансии, тој во неговото образложение истакна дека локалната инфраструктура е во надлежност на локалната самоуправа и тие треба да ја реализираат локалната инфраструктура“, рече Халил Снопче пратеник на  Алијанса за Албанците.

„Проектот за локални патишта потпишан од Светска банка и од Владата потврдува дека Владата останува најголем инвеститор во општините“, изјави Марија Костадинова пратеничка на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button