ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска поскап бензин, Регулаторна го објави новиот ценовник

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 02.11.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 ден/литар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button