ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре за 10% поевтинуваат алкохолните и безалкохолните пијалоци

Листата на артикли со замрзнати цени се прошири. Со одлука на Владата, од утре сите безалкохолни пијалоци, газираната и природната вода, како и алкохолните пијалоци ќе бидат намалени само за 10%, а цените ќе бидат замрзнати до 30 ноември. Владата, исто така, донесе одлука за маржата на овошјето и зеленчукот за трговците на големо за 10 отсто и малопродажбата за 15 отсто поевтино.

Advertisements

Со оваа мерка се очекува цените на овошјето и зеленчукот да се намалат и до 30% според анализата на Министерството за економија. Премиерот Ковачевски, рече дека нема да има компромис за прекршителите.

Одлуките речиси не се почитуваат низ зелените пазари, каде нема фискални каси. Премиерот Ковачевски рече дека со други мерки ќе се регулираат и цените на зеленчукот.

Инфлацијата до крајот на декември се очекува да остане 7-8% и на тој начин зголемувањето на платите ќе го надмине нивото на инфлација од јули.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button