ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре забрана за најлончиња, изземени се ќесите за отпад и за мрзнење храна

Кесите за отпад и малите кеси за замрзнување коишто се продаваат во маркетите и продавниците, се исклучени од новиот Закон за управување со отпадот. Цената на овие производи ќе остане иста и тие нема да бидат исфрлени од употреба. Како што за Алсат појаснуваат од Министерство за животна средина, од утре 15 денари ќе чинат кесите со кои граѓаните пазарат без разлика дали тоа е во маркет, продавница или пазар. Сите тие ќе мора да бидат биоразградливи.

„Се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот. Дозволено е пуштање на биоразградливи кеси кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост…“, наведуваат од Министерството за животна средина.

Дали се почитуваат законските прописи, контроли на терен ќе прави Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

„Во следниот период ќе следи адаптација и едукација за новите правила согласно Законот. На почетокот нема да се изрекуваат казни за непочитување на законското решение“, велат од ДПИ.

Пазарните инспектори ќе контролираат дали се продаваат биоразградливи кеси, дали трговците водат евиденција за бројот на продадени кеси согласно утврдената цена од 15 денари. Глобите за непочитување на законските решенија се движат од 1.000 до 20 илјади евра во зависност од големината на компанијата и видот на прекршокот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button