ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за автобуската сообраќајка кај Ласкарци

Никако да дојде до разврска на случајот „Дурмо Турс“. Денешното закажано рочиште за сообраќајката кај Ласкарци се одложи бидејќи еден од адвокатите имал смртен случај. Наредното судење е закажано на 28 септември. Случајот е во доказна постапка кога одбраната ги презентира своите докази. За страотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а 38 лица добија тешки телесни повреди, се суди веќе две години. Обвинети се шестмина меѓу кои газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Бељули и возачот на автобусот Маноил Трифуновски. Автобусот се преврте во февруари 2019 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button