ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одобрено обвинението против 7 лица за нелегална набавка на софтвер

Кривичниот суд го одобри обвинението против седум лица поврзано со  нелегална набавка на софтвер и перење пари. Како што информираат од таму, обвинението е поднесено од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година.

Во соопштението се наведува:

…обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот  на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје,  по враќање на предметот кај  Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.

По вака одобреното обвинение, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот,  ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, информираат од Судот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button