МАКЕДОНИЈА

ОГОКК отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите,  со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас, информираат од Обвинителството.

Како што се додава од таму, предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој  презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Изборот на фирмите што ќе вршат надзор на изградбата на коридорите 8 и 10-д од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ изминатиот период беше една од темите во фокусот на јавноста.

Поради сомнежите што ги отворија новинарските стории и објавите од опозицијата, претставниците на Владата повеќепати досега упатуваа, доколу има нешто нерегуларно, да се пријави во обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button