ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Огромни куќи со по неколку катови никнуваат во стариот дел на Охрид

Во стариот дел на Охрид секојдневно никнуваат нови објекти од по неколку ката на местото на малите и стари куќарки, со што се нарушува изгледот на овој дел на градот. Жителите денес побараа од институциите ревизија на ваквите градби во стариот дел на градот кој е под строга заштита.

„Законот за заштита на старото градско јадро, ако вака се продолжи со вакви градби, јас предлагам,парламентот, да го измени и да го именува како Закон за уништување на старото градско јадро, бидејки во самиот закон стои дека габаритите во самите објекти не смеат да се менуваат ни во ширина, ни во должина, ни во висина“, вели Мирче Ристески, жител на Охрид.

„Ние сите сме изградиле овде куќи,кои сме стари жители и сите сме имале чувство за соседите, никој не го нарушил каскадниот поредок на сите куќи.Каде се сега претставниците на законот, претставниците на УНЕСКО да ги видат овие работи“, додава Михаило Филев, жител на Охрид.

Жителите велат дека стариот дел, повеќе нема капацитет да го издржи притисокот од нови градби. Една нова куќа на четири спрата сега никнува на старата ниска куќичка.

„Дали е ова тоа што УНЕСКО го очекува од надлежните институции за културно наследство,дали препораките од УНЕСКО се почитуваат со удоволување на поединецот. Се на се ќе е четирикатница, П плус 3 ката,Тоа ќе биде здание во старо градско јадро“, вели Наум Аиноски, граѓанин.

„Овде влегуваат мешалици по 20 тона, по три четири наеднаш.Никој не води грижа за тоа.Институциите се неколку пати известени, но никој не реагира ништо“, вели Кирил Димитров, жител на Охрид.

Директорката на музејот во Охрид, од каде треба да се обезбеди потребното козерваторско мислење за градба, вели дека сѐ било регулатно. Ова се случува во време кога Охрид е пред опасност да се најде на листата на подрачја во опасност под заштита на УНЕСКО и најавената посета на нивни претставници наредниот месец.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button