ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридските плажи „вратени“ на старите концесионери

Најатрактивните охридски плажи добија старо нови сопственици, откако пред неколку дена, беше одржана јавна аукција. Ова доаѓа откако две години со нив никој не стопанисуваше, бидејки им беа истечени договорите за концесија. За разлика од порано, кога добар дел од нив работеа како ресторани преку цела година, сега ќе работат, на ограничен простор и само до крајот на туристичката сезона ветуваат од општината.

„Ќе може да се постави урбана опрема. Станува збор за шанкови од природни материјали дрво од 8 до 10 квадрати и маси и столици на површина од 150 до 300-400 квадрати во зависност од големината на плажата“, рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Станува збор за единаесет плажи. Со нив ќе може да се управува најмногу до три години.

„Она што го кажаа туроператорите и лани а, посебно годинава, единствената забелешка беше за плажите.Не е логично да нема место каде луѓето да се рекреираат и да уживаат.. Тие плажи беа оставени сами на себе откако се срушија“ додава Пецаков.

Вака ќе биде се до носењето на Планот за управување со Охридското крајбрежје од страна државата, со кој ќе се уреди на кои места ќе може да има плажи. Плажите с енајавува дека ќе бидат отворени на 20 јуни.

„Тоа мора да се реши пред да дојде сезона.Да не излезе после тоа за време на сезоната.Тогаш да се почне со работи на плажите.Тие се апсурди кои ги бркаат туристите“, рече Владо Суклоски, туристички работник.
Концесионерите, со години ги користеа плажите иако имаа истечени концесии. Според пресметките на претходната локлна власт, фирмите-концесионери во периодот кога немале активни договор за концесија оствариле приходи од 3 милиони евра. Истите тие сега пак ги добија концесиите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button