ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО и Тошковски со реакција за Бојмацалиев кој откри информации за убиство

Основното јавно обвинителство и министерот за внатрешни работи повикуваат да не се даваат информации кои можат да ја нарушат истражната постапка поврзана со убиството на 67-годишниот лекар. Ваквите реакции дојдоа по изјавата на заменик-министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој изјави дека матичниот лекар не бил убиен во својот автомобил, туку бил донесен таму. Од Основното јавно обвинителство нагласуваат дека авторот не е откриен и сè уште не се познати мотивите за убиството.

„Истражната улога во овој случај ја има Министерството за внатрешни работи, а наредбите и упатствата за откривање на авторот и за целосно расчистување на случајот ги дава Јавното обвинителство. Со оглед на тоа што МВР сè уште не го идентификува сторителот на кривичното дело, Јавното обвинителство нема можност да дава детали кои би можеле да ја нарушат постапката. Апелираме и до другите институции, во оваа фаза, да се воздржат од пренесување информации од чувствителна природа бидејќи авторот сè уште не е откриен“, рекоа од ОЈО.

Мртвото тело на 67-годишниот лекар беше пронајдено на 21 март во неговиот автомобил паркиран во дворот на поликлиниката „Железара“ во Скопје. Досега, според надлежните, биле проверувани снимките од безбедносните камери, а приведени се 3 лица. Поради немање докази биле пуштени на слобода.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button