МАКЕДОНИЈА

Таравари ќе бара гаранции од ЕУ дека по уставните измени ќе нема…

Кандидатот за претседател од здружената албанска опозиција Арбен Таравари денеска ја претстави својата програма. Се темели на четири главни столба: регионална и европска интеграција, стабилност, владеење на правото и консензуална демократија. Таравари рече дека интеграцијата во ЕУ е главен приоритет, а со тоа и уставните измени кои мора да бидат одобрени, но ќе се бараат гаранции дека потоа нема да има нови услови во евро-интеграцискиот процес.

„Интеграцијата во ЕУ е наш несомнен стремеж. Тоа е нашиот единствен пат кон стабилноста, одржлив и долготраен развој. Како таков тој ќе биде мој врвен приоритет како претседател. Во регионалната политика ќе се залагам за раст и основање на регионална соработка врз основа на нашите вредности, меѓу кои е и Косово како независна, суверена и рамноправна држава. Моите главни ветувања на ова поле се: ќе бараме гаранции од високиот европски претставник дека после уставните измени нема повеќе да има дополнителни барања за Северна Македонија надвор од преговарачката рамка до 2022 година. Мандатот за формирање на Владата ќе ѝ го дадам на партијата или партии кои ќе докажат дека имаат мнозинство во Собранието, барајќи од мандатарот план со рокови за уставните измени“, рече Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button