ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алармот пишти, а тие крадат банкомат на 200 метри од МВР

Филмскиот грабеж на сеф во скопската населба Црниче од страна на четворица маскирани мажи стана вирално на социјалните мрежи. Според објавените податоци и видеоснимки, кражбата се случила на само 200 метри од Министерството за внатрешни работи во 3 часот наутро во понеделникот.

На видеото се гледа како четворица маскирани разбојници и покрај активираниот аларм, го вадат банкоматот од продавницата и го ставаат во возилото. Кога тргаат им паѓа на улицата, па повторно го ставаат во багажникот. Претходно од она што се гледа на видеото, разбојниците ја кршат вратата на влезот на маркетот.

Од МВР велат дека се преземаат сите потребни активности за овој случај да се реши.

Засега не е познато колку пари отишле во рацете на разбојниците.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button