ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Арачиново останува затворена и за граѓани и за вработените

Министерот за внатрешни работи потврди дека биле приведени две лица во врска со нападот на градоначалникот на општина Арачиново. Во меѓувреме, потврдено е дека еден од нив бил баран со меѓународна потерница, но било закучено дека немал никаква врска со случајот. Тошковски не кажа дали другиот приведен бил вмешан во пукањето.

Во меѓувреме, здравствената состојба на повредените е стабилна. Во селото пак, општината ниту денеска не работеше.

Вратите на општина Арачиново и денеска не се отворени за граѓаните по вооружениот инцидент што се случи во понеделникот каде цел на нападот беше градоначалникот на оваа општина, а неговиот возач и уште еден општински службеник беа ранети.

Ова не е прв пат да се затворат вратите на општината од безбедносни причини. Во мај минатата година општина Арачиново неколку дена не беше во служба на граѓаните, поради заканите по живот упатени кон градоначалникот и општинската администрација. Ридван Ибраими во неколку наврати пријавуваше во полиција дека е цел на вербални и физички напади, но и на закани.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button