ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во „Бехтел-Енка“ за автопатите ќе можат да работат продолжено

Вработените во „Бехтел-Енка“ во проектите на Коридорот 8 и 10д можат да работат и со продолжено работно време, со нивна согласност потпишана во договорите. Уставниот суд одлучи да не започне постапка за оценување на уставноста на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. На денешната седница не беа прифатени иницијативите на „Левица“, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Сојузот на синдикати и Синдикатот на градежништвото, бидејќи Судот не утврди повреда на Уставот во одредбите со кои се регулира прекувремена работа во проекти од стратешки национален интерес, изјави портпаролката Христина Беловска.

Оваа одлука на Судот наиде на бројни приговори од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 година, која ги гарантира социјалните и економските права и која во Македонија се применува од 2005 година, се признава правото на добра плата, но и правото на зголемување на платата на работниците за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи. Врз основа на член 117 став 6, работодавачот е должен писмено да го извести локалниот државен инспектор за труд за секоја прекувремена работа, што претставува посебна заштита за работниците кои работат на проекти од национално стратешко значење.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button