КОШАРКАСПОРТ

Оклахома му се приклучи на Денвер на челната позиција во Западната Kонференција

Оклахома Cити со победата над Далас Маверикс (126:119), му се приклучи на Денвер на челната позиција во Западната Kонференција. Двата тима имаат по 45 победи и 20 порази. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа бекот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, кој го предводеше тимот до победата над Портланд 105:93.

Далас без Лука Дончиќ доживеа пораз од Оклахома. Словенецот поради повреда го пропушти дуелот. Во негово отсуство најефикасен кај Маверикс беше Кајр Ирвинг со 36 поени, 23 постигна Тим Хардавеј. Тандер го предводеа беше Шеј Гилџис-Александер со 31 поен, девет скока и пет асистенции, Вилијамс со 27 поени и Џош Гиди со 18 поени и пет асистенции.

Џејлен Брансон погоди 14 од 30 обиди од поле, реализирае 15 од 17. слободни фрлања и шестит пат оваа сеозна постигна 40+ поени. Брансон во победата на Њујорк над Портланд постигна 45. Во дербито, најдобриот тим во лигата Бостон го совлада Феникс со 127:112. Селтикс ја забележаа 52. победа од почетокот на сезоната.

Џејлен Браун беше најефикасен со 37 поени, Џејсон Тејтум постигна 26 поени, а Ал Хорфорд 24 поени. За Санс Девин Букер постигна 23 поени, Бредли Бил 22, Дурент 20, а Јусуф Нуркиќ имаше 8 поени, 20 скока и 6 асистенции.

Резултати:

Бостон – Феникс 127:112
Чикаго – ЛА Клиперс 111:126
Хјустон – Вашингтон 135:119
Милвоки – Филаделфија 114:105
Оклахома – Далас 126:119
Портланд – Њујорк 93:105

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button