ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Околу пладне пронајдени двете девојчиња од Скопје
Околу пладне пронајдени двете девојчиња од Скопје

Двете малолетни девојчиња на возраст од 12 и 15 години кои исчезнаа пред три дена, денеска околу пладне биле пронајдени во близина на Веро во скопски Чаир.
Нивни роднини информираа дека граѓани ги виделе и ги запреле, а веднаш потоа ја известиле полицијата. Оваа вест ги израдува членовите на семејствата, но за жал поради исчезнувањето, влошена му е здравствената состојба на еден од татковците. С
лучајот се води во полициската станица во Бит Пазар. Од МВР само кратко соопштија дека децата биле пронајдени околу 13 часот и 30 минути.