Омикрон, повисок од официјалните податоци

Бројот на заболени со Омикрон е многу поголем од официјалните податоци на Институтот за јавно здравје, велат лекарите. Според нив, секојдневно контролираат и лекуваат голем број пациенти со симптоми на Ковид и варијанта Омикрон. Но, податоците не се совпаѓаат со официјалните објавени бројки од властите. Во моментов официјално е познато дека бројот на потврдени случаи со Омикрон во Македонија е 116.
„Бројот на позитивни случаи е многу поголем од оние што ги објави Министерството за здравство. Големиот број на позитивни случаи се потврдуваат со брзи тестови и не влегуваат во никаква државна статистика… Во Македонија немаме можност да правиме редовни тестови со PCR метода и да не зборуваме за разликите помеѓу различните видови мутации кои се присутни во земјава. Тоа на крајот на денот можеме да го видиме преку нашата секојдневна работа која ни покажува дека секој ден имаме се повеќе позитивни случаи кои ни даваат да разбереме дека се работи за тип кој многу брзо се шири“, изјави Бојан Трајковски, доктор. .
Од ИЈЗ известуваат дека од 5 до 10 јануари се откриени вкупно 152 позитивни случаи, од кои околу 70 отсто се со Омикрон.
„Омикрон е присутен во 12 градови во земјава, а по бројност доминираат Скопје и Охрид. Потврдени се 48 случаи во Скопје, Охрид 27, Кочани 7, Тетово 6, Велес 5, Пехчево, Штип, Гевгелија и Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 позитивен случај со Омикрон“, Институт за јавно здравје
Друг проблем што го отежнува да имаме реална слика за бројот на заразени со Ковид и да се открие од која варијанта се погодени, е недостигот на термини за ПЦР тест во јавниот сектор. Од почетокот на пандемијата до сега, Македонија се соочува со недостиг на термини за ПЦР тест во државните институции, што ги принуди граѓаните да платат од 2000 до 2500 денари за да видат дали се позитивни на Ковид19. Но, и покрај големиот број на заразени, Омикрон се покажува како полесна. Заразените со оваа варијанта покажуваат блага клиничка слика, а не е пријавено дека носи сериозни компликации во долниот респираторен тракт. /Алсат.мк
Вјолца Алити