ВЕСТИРЕГИОН

Опасна риба забележана во хрватскиот дел на Јадранот

Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски  предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе.

Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит откри дека животното пристигнало од Црвеното Море и сега брзо се шири преку Јадранот.

– Бројот на јајца што ги положува е многу голем, а се мрести во текот на целата година – изјавил Дулчиќ во телевизиска емисија на ХРТ.

Тој додаде дека оваа риба била откриена минатата година на две места во Јадранското море – во близина на Италија и Албанија.

– Тоа не нѐ прави среќни. Брзо се размножува и е изразен предатор – предупредува Дулчиќ.

Луѓето што би ги боцнала оваа риба, вели тој, ќе имаат страшна болка.

– Имавме неколку случаи на тешки последици, а во некои ситуации дури и фатален исход – истакнува Дулчиќ и додава дека оваа риба е голем проблем за рибарите на Кипар и Турција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button