ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опожарена нискостеблеста шума и сува трева во липковско Виштица

Нискостеблеста шума и опожарена сува трева на површина од околу четири хектари гореле вчера во липковското село Виштица, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а во интервенцијата помогнале и вработени од подружницата на „Национални шуми“ Куманово.

Пожарот избувнал по 14.30 часот. – Поради непристапен терен заради лошата конфигурација на теренот, гаснењето беше отежнато и се вршеше со грби пумпи. Пожарот беше локализиран во 18:00 часот, соопштија од РЦУК Куманово.

Причината за избувнувањето на пожарот засега е непозната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button