ВЕСТИСВЕТ

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.

Во еден момент машиновозачот го запрел возот во обид да се врати назад, кога видел дека е опасно да продолжат.

Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.

Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.

Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници, а според локалните власти, најсериозни изгореници има 58 годишна жена.

– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија, пишува Гардијан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button